social image

ВЕСТИ, НАСТАНИ И АНАЛИЗИ, СЀ НА ЕДНО МЕСТО

Зошто Нејмар би заминал од Барса?

Што содржи понудениот договор од ПСЖ кон Нејмар?

Прочитај повеќе

Новите карнети за 2017-та година пристигнуваат од 10 јули

Карнетите ќе бидат со важност до 31 декември 2017-та година со сите целосни бенефити, како и сите останати претходно добиени.

Прочитај повеќе

Џоан Гампер Куп на 7 август

Натпреварот што Барса ќе го игра во рамките на овој куп ќе биде против бразилскиот Шапкоенсе, клубот кој доживеа голема трагедија во авионската несреќа на 28-ми ноември минатата година.

Прочитај повеќе

Наташа Андонова потпиша за Барса

Фран Санчез со Наташа Андонова во следните две години секако дека ќе атакува на титулата во Шпанското првенство, а потоа и во Лигата на Шампионите

Прочитај повеќе

Иниеста продолжува...

Од поверливи наши извори во клубот блиски до Андрес, точно е само едно, дека можно е да не се продолжи договорот по 2018-та година, но само поради две работи.

Прочитај повеќе

Коменатри и анализи во белешките преку нашите социјални мрежи

СЛЕДУВА

Зачленувањето, односно продолжувањето (обнова) на членство во ФК Барселона ќе важи преку целата година, заклучно со 31 декември од истата.
 
Сите оние што сакате да станете Соси или да го продолжите своето членство во единствената официјална пења на ФК Барселона во Македонија и воедно да се придружите на нашата светска и најголема црвено-сина фамилија, пишете ни на нашата официјална адреса: 
pbstrumica@fcbworld.org
или
контактирајте го нашето официјално лице во Македонија,
Владимир Ристевски (078/256 075, телефон, ватсап, вибер)
кој ќе ве упати во побрза и поефтина административна варијанта при зачленување.

 
Членарината за една година изнесува 2000, 1700 или 600 денари,
во зависност на административните такси на уплатата и возраста
(за деца до 10 годишна возраст, 600 денари).

 
Секој наш член (соси) ги ужива сите и исти привилегии кои ги имаат и останатите членови низ светот.
25% попуст за посета на Музејот. 
30-50% попуст во Шопинг центарот на Камп Ноу за време на двата Конгресни денови, а 5% попуст во останатите денови.
Ексклузивни попусти за сите патувања со Пењата.
Ексклузивни попусти при купување на влезници за Камп Ноу, како и за гостувањата во европските купови.
Бесплатен влез во деновите на Конгресот во сите области.
Учество на сите настани и состаноци.
Слободен влез за Барса Б, младите категории и женската екипа, со претходно приложување на карнетот на Шалтерите за Влезници.
Бесплатен влез во „Палау Блауграна“ на Футбол Сала, Ролер-Хокеј и Ракомет.
Влезници за натпреварите од А++ категоријата, Ел Класико, Нокаут фазите во ЛШ, евентуални Финале ЛШ и Финале Копа.  
Дозволен влез во Тренинг Центарот „Џоан Гампер“ за време на викенди.

НАШИ ВИДЕА



Погледнете ја нашата галерија