Во целите и мисијата на нашата пења се организираните патувања за нашите членови, на кои се промовираат трајните вредности на клубот. Токму едно од тие патувања е и ова кое следува за најголемиот и најпопуларниот фудбалски натпревар на планетата. Но едно вакво организирано патување не би било целосно ако започне и заврши само со натпреварот од 90 минути на Камп Ноу. Затоа ова патување е повеќе од фудбалски натпревар, повеќе и од големото 90-минутно Ел Класико. Ова патување е концепт кој пред се` е едукативен, а неизоставно и емотивно доживување за секој наш член што ќе биде дел од екипата.
Настанот за Ел Класико на Камп Ноу ќе биде реализиран во мај 2018.