Зачленувањето, односно продолжувањето на членство во ФК Барселона ќе важи преку целата 2017-та година, заклучно со 31 декември 2017 година.
Сите оние кои сакаат да станат Соси или да го продолжат своето членство од минатата сезона во единствената официјална пења на ФК Барселона во Македонија и сакаат да се придружат на нашата голема црвено-сина фамилија, можат да ги следат инструкциите во информативниот текст.
Цената за членарина за 2017-та година изнесува 1500 денари.
Членарината се уплаќа на сметка за:
НЛБ Тутунска Банка АД Скопје
210 069 236 660 171
за: Пениа Барселониста Сис Копес
назнака: Соси карнет 2017 (име и презиме, година на раѓање и град)
Потоа информирајте не на нашиот мејл: pbdemacedonia@gmail.com
Секој член ги добива сите бенефити кои ги имаат и останатите соси низ светот.Тие се официјално објавени и на страната на ФК Барселона. Со преземањето на карнетот за оваа година од клубот се добива и информативна книга со сите попусти, гратиси и покани кои клубот ги овозможува и организира во своите објекти околу и на Камп Ноу. Она што е од посебна важност за оваа 2017-та година е дека од оваа сезона за Македонските членови бенефитите се зголемуваат во целост, бидејќи веќе започна нашата трета година официјално постоење во ФК Барселона, како единствена официјална пења на територијата на Македонија. Од оваа сезона веќе секој пењист ќе може да аплицира и за билети за Ел Класико, Полуфинале и Финале ЛШ како и Финале Копа, што до сега не беше овозможено.(покрај попусти во музејот, шопинг, ресторанот и влезници за останатите натпревари)