Една тема која беше дел од нашите текстови пред неколку години, на почетокот на сезоната повторно актуелна.
Од тие причини нема да е штета да ја повториме.
Зошто треба „душекџии“, а не „јорганџии“?
„Колчонероси“ се во превод „душекџии“ и никако друго./ Колчон = душек /
Терминот се употребува како отсликување на навиките во Шпанија, старите душеци да се оставаат покрај ѓубрето на улица, за да ги искористат оние кои немаат. Со ваквата терминологија се претставуваат „колчонероси“ како „сиромашни“, наспроти нивниот најголем ривал кој е „кралски“.
Само во три земји од Балканот може сеуште да се сретне терминот „јорганџии“ кои во далечните 60-години од минатиот век го воспоставиле дел од „српските“ новинари што едноставно на „своја рака“ погрешно го превеле зборот „колчон“ што нема никаква врска со „јорган“-„едредон“. А го превземале дел од македонските спортски новинари кои во тоа време најчесто репер им биле токму претходно споменатите.
(„Колчон“ и „едредон“ и по својата функција се различни, едното е за спиење врз него, а другото е за покривање, што исто така е дијаметрално спротивно значење. Во македонскиот јазик постои зборот „душекџии“ па затоа „јорганџии“ е лоша „замена“ бидејќи е комплетно различна и смислата и објаснувањето на суштината)