Ниеден клуб во Шпанија не може да се пофали со толку многу силна младинска школа, како што тоа е Ла Масија на ФК Барселона.И ниеден тренер не може да се пофали со толку многу конекции со своите школи како што тоа го прават оние кои се тренери на Барса.
На пример направете анализа кај нивниот најголем конкурент Реал Мадрид и нивниот центар на Валдебебас, едвај да влегуваат по 3-4 или 5 деца од кантерата. А има години каде воопшто и ниту еден не влегува во првата екипа.
Јохан Крујф и Пеп Гвардиола се најактивните на оваа тема.
Рекордот, а и татко на модерната Ла Масиа, сеуште го држи Јохан Крујф и веројатно ќе го држи засекогаш. Тешко дека некој ќе има толку храброст да заигра со комплетната кантера во првата екипа. Во своето водство на ФКБ, Јохан Крујф внесе како првотимци дури 32 младинци од Ла Масиа. И тоа: Миља, Амор, Роура, Серер, Лусендо, Пиниља, Ферер, Алекс, Херера, Карерас, Гвардиола, Македа, Бускетс(таткото), Кристијансен, Оскар, Серџи, Хара, Џорди Крујф, Сембранос, Ангој, Роџер, Арпон, Кике Алварез, Морено, Де Ла Пења, Селадес, Веламасан, Рока, Пимиента, Руфете, Сетвалис и Хуанхо.
По него следува Рајкард кој најмногу беше потпрен на кантерата. Дури 29-мина влегоа под неговото водство во првата екипа: Рос, Џоркера, Риера, Рубен, Меси, Верду, Дамија, Хавито, Лудовик, Монтањес, Олмо, Орланди, Питу, Мартос, Рамон, Џорди Гомес, Кристијан, Кросас, Валиенте, Џефрен, Виктор Санчез, Бојан, Џовани дос Сантос, Фали, Руеда, Виктор Васкез и Педро.
Гвардиола иако е една од најголемите икони после Крујф во ФКБ и иако направи револуционерни промени во Кампот, преселувајќи ги сите на едно место и ставајќи ги сите „под иста капа“ на тренинзи сепак е далеку од она што го направи Крујф. Таму бевме присутни во 2007-та година и за првпат на лице место го видовме сето тоа револуционерно раздвижување на Гвардиола уште со Б екипата, кое подоцна резултираше со историскиот момент - 6 титули во една сезона, рекорд на сите времиња во историјата на светскиот клупски фудбал. (за ова постои и видео докуметаристика на ЈуТјуб каналот на Топки-Игор Филевски). Сепак само 22-ца под негово водство од кантерата влегоа во првата екипа: Бускетс, Торас, Абрахам, Тјаго, Муниеса, Ботиа, Дос Сантос, Фонтас, Бартра, Гај Асулин, Сориано, Нолито, Монтоја, Ромеу, Серџи Роберто, Серџи Гомез, Мињо, Куенка, Тељо, Рафиња, Риверола и Деулофеу.
Ван Гаал е четврти на оваа листа, со 14 од младинската сила во првата екипа: Росас, Џофре, Чави, Гарсиа, Куардадо, Нано, Габри, Пујол, Валдез, Олегуер, Тортолеро, Иниеста, Санчез и С.Гарсија.По нив следува Сера Ферер со само тројца: Реина, Сантамарија и Бермудо. И Решак исто така со тројца: Трасорас, Мота и Наваро. Тата Мартино проба со Адама и Патрик.Со само по еден, Робсон со Арнау, Тито Виланова со Планас и Радомир Антиќ со Оскар Лопез. Луис Енрике ги промовираше Мунир, Масип, Сампер, Сандро, Халиловиќ, Бабунски, Бањак... (во еден КУП натпревар кои беа дел од првата екипа на Барса).
Како ќе биде понатаму, ќе видиме на крај.
Од тие причини Јохан Крујф останува бесмртен во историјата на Барса. Системот кој го наметна и што ја промени суштината на сиот светски фудбал.