Иниеста продолжува...

Деновиве, некои британски медиуми почнаа да шпекулират дека Андрес Иниеста поради тоа што сеуште не го продолжил договорот со ФК Барселона, веќе размислувал за напуштање на клубот и преселба во друга европска земја.
Секако, дека ова е само дел од шпекулациите кои нема да се остварат.
Од поверливи наши извори во клубот блиски до Андрес, точно е само едно, дека можно е да не се продолжи договорот по 2018-та година, но само поради две работи. Првата е заминување во Катар, ако Чави го продолжи договорот, бидејќи веќе долго време има отворена понуда со баснословна сума за да играат заедно во Ал Саад барем 2 сезони. А втората е од САД, да заминат (повторно заедно) со што „ќе го воскреснат“ еден од најдобрите тандеми на сите времиња во светскиот фудбал.
Тоа ќе биде апсолутно со поддршка од Барса, а по нивното завршување на кариерите, вратата во клубот секако дека ќе им биде отворена за да продолжат да работат во функција на Блауграна. 
Тоа е и многу веројатно дека ќе се случи во следните 4-5 години кога се очекува и враќањето на Пујол на една од следните функции.