Оваа вест денес беше објавена како официјална од страна на ФК Барселона.
Најдобрата Македонска фудбалерка Наташа Андонова од ПСЖ се пресели во големото фудбалско семејство во Барселона. Со своите 23 години Наташа Андонова го збогатува своето портфолио со надеж дека ќе се повтори успехот што го направи на времето со Турбине од Потсдам. За ФК Барселона оваа сезона е значајна исто така бидејќи стартува со нов тим, со засилувања дури и на тренерското столче. По години водство од Чави Љоренс, замената пристигна деновиве во 39-годишниот Фран Санчез, родум од Барселона и дете на фудбалскиот систем на клубот, пред да замине во Бахреин (технички директор на националнот тим) и Тел Авив (асистент менаџер) на усовршување. Фран Санчез, со Наташа Андонова, во следните две години секако дека ќе атакува на титулата во Шпанското првенство, а потоа и во Лигата на Шампионите.
Видео од претставувањето на Наташа Андонова во ФК Барселона може да погледнете на линкот:
https://www.fcbarcelona.com/football/womens-football/news/2016-2017/natasa-andonova-reinforces-barca-women