Џоан Гампер Куп на 7 август

Последната информација од ФК Барселона во контекст на 52 издание од Џоан Гампер Купот е дека тој ќе се одржи на 7-ми август годинава.
Натпреварот што Барса ќе го игра во рамките на овој куп ќе биде против бразилскиот Шапкоенсе, клубот кој доживеа голема трагедија во авионската несреќа на 28-ми ноември минатата година, во која загинаа скоро сите фудбалери и стручен штаб. Обновувањето на екипата беше потпомогнато од фудбалските клубови низ целиот свет, а Барса закажа токму натпревар во рамките на најавторитативниот Куп, со кој започнува секоја нова сезона за Каталонците.
Пред натпреварот ќе се одржи и Конгресот на Пењите низ светот, на кој ќе учествуваат и претставниците од Македонија. На Конгресот ќе се усвои новиот буџет, ќе се претстави новата екипа и ќе се стартува новата сезона.