Денес, од канцеларијата на ФК Барселона на Камп Ноу излезе соопштение, дека карнетите за 2017-та за пењистите кои не ги добиле, ќе бидат испратени од клубот со старт од понеделник, 10 јули.
Тоа значи дека сите оние нови членови и од Македонија, кои досега не ги добија своите карнети за следната фудбалска сезона, можат да ги очекуваат во следните три дена по пристигнувањето во нашата земја од понеделник натаму.
Карнетите ќе бидат со важност до 31 декември 2017-та година со сите целосни бенефити, како и сите останати претходно добиени.
За сите детали повеќе околу членството, имате информации на нашата интернет страница.