Нејмар во ПСЖ е приказна која ќе се врти летово се`до потпишување на евентуалниот договор. А има и зошто...
Сегашните 16 милиони евра кои ги добива од Барса (без дополнителни бонуси) ќе бидат неколкукратно зголемени, во следните сезони.
Имено, понудениот договор, начелно содржи неколку точки кои тешко се одбиваат.
1. Договорот што го нуди ПСЖ би бил на 5 години, со 30 милиони евра по сезона.
2. Ќе добие 100 милиони еднократно, за ставање на потпис на договорот.
3. Ќе биде вклучен во сите проекти на ПСЖ во аспект на маркетиншки промоции, за што ќе добива дополнителен бонус.
4. Нејмар ќе биде вклучен во сите промоции на социјалните мрежи на ПСЖ, кои ќе имаат за цел внесување на нови компании за соработка со клубот, за што исто така ќе добива дополнителен бонус.
5. Катар Спортс Инвестмент ќе го вклучи во промоција на СП 2022, исто така за дополнителен финансиски бонус.
Сегашното обештетување кое ПСЖ има намера да го плати кон ФК Барселона е 222 милиони евра. Исто така се знае дека ако не се случи овој трансфер летово, следната година обештетувањето ќе биде 250 милиони евра.
Но, на сево ова има еден момент кој може да биде лош по екипата од Париз, а тоа е дека ако се реализира трансферот и Нејмар ја прифати понудата, може Барса да го пријави трансферот во ФИФА за кршење на правилата, според кој е забрането да се преговара со фудбалер без дозвола од неговиот клуб со кој е под договор. А ПСЖ токму тоа го правеше во изминатиот период, преговараше лично со фудбалерот без одобрување од Барса.