Бенефитите за секој член на Пења на ФК Барселона

Секој наш член ги добива сите бенефити кои ги имаат и останатите соси низ светот.
- 25% попуст за посета на Музејот.  
- 20% попуст во Шопинг центарот на Камп Ноу за време на трите Конгресни денови, 5% попуст во останатите денови.
- Екслузивни попусти за сите патувања со Пењата.
- Ексклузивни попусти при купување на влезници за Камп Ноу.
- Бесплатен влез во деновите на Конгресот во сите области.
- Учество на сите настани и состаноци.
- Слободен влез за Барса Б, младите категории и женската екипа, со претходно покажување на карнетот на Шалтерите за Влезници.
- Бесплатен влез во Палау Блауграна на Футбол Сала, Ролер-Хокеј и Ракомет. За натпреварите од А-категорија, 50% попуст на влезниците.
- Дозволен влез во Тренинг Центарот „Џоан Гампер“ за време на викенди.

 

Она што е од посебна важност е дека од 2017-та година, бенефитите за Македонските членови се зголемуваат во целост, бидејќи веќе помина и нашата трета година официјално постоење во ФК Барселона, како единствена официјална пења на територијата на Македонија.

 

​Секој наш член ќе може да аплицира покрај билети за Камп Ноу и за Ел Класико, сите гостувања, Полуфинале и Финале ЛШ како и Финале Копа, што е практично овозможено од оваа година.