Членството се зголемува, пристигнаа карнетите

Пристигнаа карнетите за 2017-та година за нашите соси.

Во овој период трае и пријавувањето за членство за 2018-та година, кое ќе трае во месеците до крајот на оваа година заклучно со 31 декември 2018-та. (сите детали можете да ги прочитате подолу на нашата официјална страница).


Зачленувањето, односно продолжувањето на членство во ФК Барселона ќе важи преку целата 2018-та година, заклучно со 31 декември 2018 година. (гратис се месеците до крајот на 2017-та, со сите целосни бенефити)

Сите оние кои сакаат да станат Соси или да го продолжат своето членство од минатата сезона во единствената официјална пења на ФК Барселона во Македонија и сакаат да се придружат на нашата голема црвено-сина фамилија, можат да ги следат инструкциите во информативниот текст.

 

Цената за членарина за 2018-та година изнесува 1500 денари.
 

Членарината се уплаќа на сметка за:

НЛБ Тутунска Банка АД Скопје

210 069 236 660 171

за: Пениа Барселониста Сис Копес

назнака: Соси карнет 2018 (име и презиме, година на раѓање и град)
 

Потоа информирајте не` на нашиот официјален мејл: pbstrumica@fcbworld.org

... или преку нашето лице за контакт во Македонија: Владимир Ристевски (078/256 075), кој ќе ве упати во побрзата и поефтина административна варијанта при зачленување.

 

Секој член ги добива сите бенефити кои ги имаат и останатите соси низ светот. (25% попуст за посета на Музејот.  20% попуст во Шопинг центарот на Камп Ноу за време на трите Конгресни денови, а 5% попуст во останатите денови. Екслузивни попусти за сите патувања со Пењата. Ексклузивни попусти при купување на влезници за Камп Ноу, од 10-15%. Бесплатен влез во деновите на Конгресот во сите области. Учество на сите настани и состаноци. Слободен влез за Барса Б, младите категории и женската екипа, со претходно покажување на карнетот на Шалтерите за Влезници. Бесплатен влез во Палау Блауграна на Футбол Сала, Ролер-Хокеј и Ракомет. За натпреварите од А-категорија, 50% попуст на влезниците.  Дозволен влез во Тренинг Центарот „Џоан Гампер“ за време на викенди.)

Она што е од посебна важност е дека од 2017-та година, бенефитите за Македонските членови се зголемуваат во целост, бидејќи веќе помина и нашата трета година официјално постоење во ФК Барселона, како единствена официјална пења на територијата на Македонија.

​Веќе секој наш член ќе може да аплицира и за билети за Ел Класико, Полуфинале и Финале ЛШ како и Финале Копа, што до сега не беше овозможено.