БЛАУГРАНА МАНИФЕСТ, ФИНАЛЕ КОПА ДЕЛ РЕЈ

Почитувани членови на нашата пења "ПБ Сис Копес, де Струмица, Македонија“ денес пред финалниот натпревар против Севиља, Ви ја презентираме изјавата потпишана од ФК Барселона, разните ентитети на клубот и пењите кои имаат за цел да постигнат консензус во изразувањето на солидарност со политичките затвореници и прогонетите за време и на ова финале од Копа Дел Реј.

КУЛЕСИ, ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТ, ЖОЛТАТА Е НАШАТА БОЈА, БОЈАТА НА НАВИВАЧИТЕ

Ние сме луѓе на Барса. Ние сме групата. Ние сме Пењите. Ние сме членовите. Ние сме поддржувачите и навивачите. Ние сме недвосмислен и неодвоилив дел од ФК Барселона. Тоа е нашата историја. Тоа е нашата посветеност. И ние сме исто така, граѓаните.

На 14 јуни 1925 година, во целосната диктатура на Примо де Ривера, 14.000 навивачи на „Барса“ кои ги исполнија трибините на стадионот „Лес Кортс“ во пријателскиот натпревар меѓу „Јупитер“ и „Барса“, ракоплескаа на полувремето за време на интерпретација на Британската химна„Боже, чувај ја Кралицата“ од англискиот бенд кои што беа поканети на настанот. А истите навивачите ја исвиркаа пак химната на Шпанија. Диктаторот Примо де Ривера потоа ја забрани секоја манифестација на стадионот во следните шест месеци. А нашиот претседател и основач на клубот, Џоан Гампер мораше да оди во егзил. Беше прогонет. 

Во 1936 година, Франковите трупи го убија Јосеп Суњол и Гарига, кој исто така беше Претседателот на ФК Барселона и пратеник во Шпанскиот парламент.

Франковиот режим сериозно го нападна каталонскиот идентитет на ФК Барселона и се обиде да го промени. Тие под принуда го променија името „Футбол клуб Барселона“ во „Клуб де Футбол Барселона“ (како што е шпанската транскрипција). Исто така го променинја и нашиот амблем, бришејќи ги четирите ленти од знамето на Каталонија, оставајќи само две (внатре во нашиот амблем).

Шпанската репресија е секогаш против нас. Тие го затворија стадионот. Го убија нашиот претседател. Тие го сменија нашето име и амблем. Тие ја забранија нашата слобода на изразување, ги забранија и нашите знамиња. Добивавме и парични казни. Тие нè санкционираа и секогаш сакаа да го повторуваат тоа. Тие сакаа да направат се` што е потребно за да го потиснат идентитетот на нашиот клуб, неговите вредности и неговата посветеност, која е наша, на навивачите на Барселона, бидејќи Барса е идентитет на членовите и поддржувачите.

Денес, како и во 1975 година, ние сме ангажирани во функција на слободата за политичките затвореници и прогонетите. Ве покануваме, денес сите заедно да им покажеме она што сме, облечени во ЖОЛТО: носење на маици Барса со Каталонско знаме или пак жолта маица комбинирана со нашата “блауграна“, црвено-сина. И нека се видат вечерва на стадионот додека се пее Шпанската химна. Бидејќи денес жолтата боја е бојата на Барса. 
Затоа што сме Барса и затоа што сме заедно. 
На нашите улици и на нашите плоштади во нашата земја сите да ја споделиме жолтата боја. 
Ние сме едно и знаеме што да правиме.

Visca el Barça и Visca Catalunya!

Ние сме # FCB1899, историја на посветеност за слобода и демократија што мора да не` направи да се чувствуваме горди наследници.

#grocalafinal