Акцијата која за време на „Ел Класико“ на „Камп Ноу“, на 6-ти мај, ја спроведоа одговорни лица во ФКБ кои активираа 120 соработници, открија продавање на влезници за натпреварот на нелегален начин.
Во таа акција се откриени 2823 членови чии карнети биле искористени за препродавање, а се веднаш одземени на лице место.
Против сите тие 2823 соси е покрената постапка за суспендирање на нивното членство во клубот.
Според членот 75 од Статутот на клубот, суспендирањето на членството може да биде во траење од 2 години до целосно одземање на истото, засекогаш.
На членовите кои се суспендирани и карнетите одземени, подразбира исто така дека овие соси нема да имаат можност да влезат ниту на последниот натпревар од оваа сезона на „Камп Ноу“.
Вкупната штета која е направена на клубот со ова „фалсификувано продавање на влезници за Ел Класико“ се пресметува на приближно 1,5 милиони евра.
Оваа акција исто така подразбира дека покрај санкциите кон сопствените членови, не обврзува обештетување на оние на кои им беа одземени влезниците и не можеа да го следат последното Ел Класико, бидејќи тие тоа го сториле на сопствен ризик.