Официјално, Бордот на директори на нашиот клуб ја објави бројката на пари влеани во клубот во изминатата сезона 2017/2018.
914 милиони евра!
Најголем прилив во историјата на клубот.
Од нив потрошени се 882 милиони евра.
Заработката за клубот е 32 милиони евра, кои по плаќањето на сите даноци се 13 милиони евра чисти пари за клубот.
По многу години задолжувања, минусни салда, Барса веќе застанува на „цврсти нозе“.
Визијата на Бордот е дека до 2021 година приливот ќе биде 1 милијарда евра.
Бордот ја објави и информацијата за овогодинешниот „Џоан Гампер Трофеј“. Гостин ќе биде екипата на Бока Џуниорс од Буенос Аирес (Аргентина), а натореварот ќе се одигра на Камп Ноу на 15-ти август.
Исто така беше објавен и датумот за Конгресот, 14-ти и 15-ти август, на кој ќе бидат промовирани 6 нови пењи во светот, Пења Барса Лиеж од Белгија, Пења Блауграна Будимпешта од Унгарија, Пења Барселониста де Бонастре од Тарагона, Пења Блауграна Вандебарса де Вандељос од Тарагона, Пења Барселониста Абрусена де Алмерија и Пења Барселониста де Росарио од Аргентина.
Вкупната бројка на пењи сега е 1251, од кои 623 се од Каталонија, 519 се од остатокот на Шпанија и 119 се официјални претставништва на Барса во светот, меѓу кои е и единствената македонска официјална пења, нашата.