Уште едно Класико, кое можеа да го доживеат само нашите членови

Уште едно Класико останува зад нас како совршено и прекрасно патување.
Нашите соси/членови овојпат ја имаа можноста да бидат дел од организираните екскурзии кои беа под покровителство на ФК Барселона и во соработка со сите пењи од светот, вклучувајќи ја и нашата.
„Фрејшенет“ една од најдобрите и најстарите винарии за пенливо вино, беше првата акција... Искуство кое може да се доживее само како член на нашата пења. Оттаму, клубот организирано не` одведе на ручекот по повод Ел Класико, на кој бевме присутно меѓу останатите пењи од Велика Британија, Шпанија, Франција, Романија, Азисиките пењи и ред други со кои си разменивме искуства и стекнавме нови пријателства. Прошетките по знаменитостите на градот, посетата на Музејот, попладневните кафе-дружења и пладневните ручек-состаноци беа дел од ова октомвриско Класико искуство. Куриозитет е дека на овие дружења кои се во организација на ФК Барселона, вторпат по ред учествуваме како единствена пења од Балканот. Нашата, македонска пења, веќе стана традиционален партнер на Светската Организација на Пењите на ФК Барселона.
Нашите пењисти кои учествуваат на „Ел Класико Патувањата“ си враќаат во Македонија со подароци специјално произведени за овој настан (поло маици, нотеси, пенкалца, знамиња, постери, налепници, книги...), со искуства и екскурзии кои не можат да се доживеат со само купување на влезница за Ел Класико...
Тоа е настан, многу поголем од само 90-минутен натпревар.
Тоа е повеќе од само патување до Барселона.
Тоа е искуство кое се памети вечно и на кое се стекнуваат нови пријатели Барселонисти од сиот свет.
Затоа и членувањето во нашата пења е нешто многу повеќе од обично навивање и симпатизирање на клупските бои. Тоа е фамилијарност, тоа е дружење, тоа е култура на живеење, во боите на Барса.